– ММС
Вести Свет

Сириската армија бомбардираше град во јужна Сирија

Сириската армија дoцна синоќа изврши масовен воздушен напад врз градот Науа во јужната провинција Дара при што, според очевидци, има убиени и повредени цивили.

Локален жител за светските агенции изјавил дека врз густо населениот град, кој се наоѓа во близина на провинцијата Кунеитра, биле истрелани десетици ракети.

Претходно оваа недела армијата започна офанзива во Кунеитра, која граничи со израелската Голанска висорамнина, за да ги врати областите во југозападниот дел на земјата кои се уште се под контрола на бунтовниците.

Бомбардирањето се случи само неколку часа откако илјадници луѓе, кои беа засолнати во близина на границата со Израел, се вратија во градот. Тие се вратија откако беше објавено дека бунтовниците склучиле договор со руските војници да се предадат, што би го спасило градот од бомбардирање, изјавил друг жител.

 

Извор:МИА

Лограње

X

Регистрација