ММС

Објавено на: 01/2/21 11:53 AM

Ноемвриската плата не ја добиле 782 работници, а нивните работодавци ја искористиле мерката за финансиска поддршка

Платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавци кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција информираше дека за ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13178 работодавци е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65950 вработени.

– Со состојба од 29 ноември 2020 година, 596 работодавци кои примиле финансиска поддршка од 36.655.907 денари не ја исплатиле ноемвриската плата на 2421 вработен но со состојба на 31 декември 2020 година бројката се намалила на 245 работодавци кои не ја исполниле обврската за 782 вработени. За овие 245 работодавци изготвени се опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, истакна Лукаревска.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници.

– Сто седумдест и девет компании кои примиле финансиска поддршка, а не ја исплатиле платата за октомври, по спроведените активности на УЈП овој број намален е бројот на 17 компании кои за 41 вработен примиле финансиска поддршка од 641.206 денари. Кај овие компаниите е во тек постапка на присилна наплата на неисплатена плата од парични средства на трансакциска сметка, појасни Лукаревска.

Директорката на УЈП информираше дека за компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, спроведена е присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 за кои се поставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.

Листата со компании кои не ја исплатиле платата на работниците за ноември, а користат државна помош, според Лукаревска, ќе биде доставена но Генералниот секретаријат за јавна и транспарентна објава на неплаќачите.

Износот на финансиска поддршка за исплати на плати се определува врз основа на процентот на намалување на приходот и тоа во најнизок износ на финансиска помош од 14.500 денари за намален приход од 30 до 40 проценти и за намален над 80 отсто износот на финансиска поддршка е 21.776 денари


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.