ММС

Објавено на: 01/2/21 9:34 AM

Се самоубила македонска дипломатка во ОН во Њујорк

ТВ Фокс њуз јави дека триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк. МКД.мк дознава дека се работи за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации.

Според Фокс њуз станува збор за самоубиство.  Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата.

„Тука живееше две години“, изјави Хернан Авила, домарот во зградата. „Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност“, изјавил домарот за Фокс њуз.

Дипломатката живееше сама во стан на четвртиот кат, рече Авила. Тој ја опиша како тивка личност што повремено ќе ја гледале како пуши надвор.

„Вчера доктори дојдоа горе, амбулантно возило“, рече тој. „Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично“.

„Ја побара неа“, рече Авила. „Вратарот заѕвони, немаше одговор. Немаше одговор. Нешто се случи“.

Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, информираат од Фокс њуз.

Фото: wikimedia.org

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.