ММС

Објавено на: 01/1/21 10:32 PM

Извинете Дунавка, не сме знаеле дека сте инфлуенсерка

На 26.12.2020 година на ММС беше објавен текст со наслов: (Галерија) Срцето на Дунавка го копираа сексуалните работнички – Скопје како Амстердам со црвените фенери, кој придонесе манекенката Дунавка Трифуновска да се пронајде во негативна конотација, со тоа што е споменато нејзиното име и побара да се извиниме и го повлечеме текстот.

Почитувана Дунавка,

Текстот со наслов  (Галерија) Срцето на Дунавка го ископираа сексуалните работнички – Скопје како Амстердам со црвените фенери, нема намера да ја навреди и клевети Вашата личност, ниту, пак, да ја поврзе работата на сексуалните работнички со Вас. Меѓу другото велите „јас сум јавна личност- манекенка и инфлуенсерка“  и дека „Ваш професионален деликт е фактот дека Вие јавно ме доведувате во корелација со сексуалните работнички (лица со девијантно сексуално однесување)“  и затоа побаравте да се извиниме и да го избришеме текстот.

Поради тоа:

-Извинете Дунавка, не сме знаеле дека сте инфлуенсерка и дека спомнувајќи го Вашето име во кампања против насилство, во случајов врз сексуалните работнички ќе Ви го нарушиме угледот, ниту, пак, намерата ни била да Ве клеветиме или да сметаме дека сте поврзани со нив.

– Ако сте инфлуенсерка, како што тврдите, знаете како функционира маркетингот и затоа ќе го избришеме текстот, бидејки и секоја анти рекламата всушност претставува реклама иако во овој случај не станува збор за антиреклама, навреда, клевета и слично, туку едноставно спомнување име во кампања против насилство. ММС како опшестевно одговорна организација досега поддржала многу кампањи против насилство, собирање пари за лечење, помош на ранливи категории и секаде каде треба да се помогне и така и ќе продолжиме.

-Како медиум секако дека и понатаму ќе продолжиме да даваме поддршка на кампањи против секаков вид насилство, па врз основа на тоа и понатаму ќе ја поддржуваме кампањата против насилство врз сексуалните работнички.

Со почит,

Македонски медиа сервис

Фото: biznisvesti.mk

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.