ММС

Објавено на: 01/1/21 10:00 PM

Израелските сили ранија 16 Палестинци на Западниот Брег

Во интервенцијата на израелските сили врз демонстранти кои сакаа да протестираат против нелегалните еврејски населби во окупираниот Западен Брег, 16 Палестинци се повредени со пластични куршуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Палестинците сакаа да организираат протест како реакција на населувањето на еврејските доселеници во селото Деир Џерир, лоцирано во близина на градот Рамала.

Израелските сили кои се наоѓаа во регионот употребија пластични куршуми и солзавец за да ги растераат Палестинците.

Локални извори истакнаа дека израелските сили повредиле 16 Палестинци со пластични куршуми, а многу луѓе биле погодени од фрлениот солзавец.

Исто така, соопштено е дека повредените биле лекувани од палестински медицински тимови во регионот, додека израелските сили за фрлање на солзавецот користеле и беспилотни летала.

По окупацијата од 1967 година, Израел на подрачјето на палестинскиот Западен Брег изгради повеќе од 250 илегални населби во кои моментално живеат повеќе од 400.000 еврејски доселеници.

Новоизградените еврејски населби, според меѓународното право имаат статус на илегални населби, што е потврдено и од низа резолуции на Обединетите нации (ОН).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.