Во халата која пред десет години го носеше името „Пионир“, одигран е фамозниот дуел од Топ 16 фазата во Евролига помеѓу белградски Партизан и Барселона, а триумфот е препишан на Партизан после долга одлука и размислување на судиската тројка која ја предводеше легендарниот Луиџи Ламоника,
Продукцијата „Видеострој“ сними документарен филм посветен на кошаркарскиот клуб Партизан наречен „Часови за љубов“, а меѓудругото тука е прераскажан делот од приказната кога после долгите десет минути италијанскиот арбитар пресуди во корист на белградскиот тим, кој во феноменалната сеозна 2009/2010 влезе во историјата како единствен тим што ја поразил каталонска Барселона со резултатот 67:66.
Тренерот на Партизан, Душко Вујошевиќ, вршеше притисок. „Пионир“ гореше, а Ламоника во краткиот дијалог се обрати на црногорскиот тренер со зборовите: „Дуле, немој тоа да ми го правиш. Од оваа одлука ми зависи кариерата.
„Од оваа одлука зависи и нашата кариера“, сурово искрено му одговори љубимецот на „Гробари“.
Фото:
sport.blic.rs
Извор:
meridianbet.rs