ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/18/18 11:56 AM

Најголемиот објект од детската градинка Младост, објектот на Тетекс целосно ќе биде реновиран

Најголемиот објект од детската градинка Младост, објектот на Тетекс целосно ќе биде реновиран. Со реконструкцијата ќе бидат проширени и дел од просториите на овој објект.

Со реновирањето, објектот Тетекс кој е дел од детската градинка Младост Тетово ќе добие нови санитарни чворови, ќе биде заменет паркетот, плочките, осветлувањето и други елементи од внатрешноста. Со други зборови, децата од септември ќе бидат згрижени во целосно реновиран објект..
Пред неколку недели беше пуштен во употреба објект за згрижување на деца во тетовско Џепчиште, кој ќе работи во склоп на детската градинка Младост Тетово. Од Општина Тетово најавија дека и во иднина ќе се инвестира во институциите, каде се згрижуваат деца.

Децата кои беа згрижени во објектот во Тетекс додека трае реновирањето ќе бидат сместени во другите објекти на детската градинка Младост од Тетово, која како и многу градинки во Македонија кубири со простор, па голем дел од децата кои сакаат да се запишат во оваа установа, се на листа на чекање.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1