ММС

Објавено на: 12/31/20 5:42 PM

Новогодишно дружење низ Битола со омилените детски јунаци (ФОТО)

„Насмевка на лицето, љубов во срцето. После овие желби две Новата година нека ви донесе најубаво СЕ’“.

Со ваква честитка и со многу други едукативни пораки и мали слатки изненадувања, Кловнот Заги, Мики и Мини Маус, Чејз, Елса, Принцезата Бел, придружувани од Дедо Мраз и Баба Мразица и Новата година низ Широк Сокак, внесуваат посебна радост во детските срца.

Ликовите од бајките, со своите подароци и приказната која ја носат со себе преку ликот кој го претставуваат, токму до детските срца ја пренесуваат желбата за победа на доброто над злото и радост за секое дете, токму онака како што и завршуваат најубавите бајки.

„Среќана Нова година, дечиња наши. Во Новата година ништо да не ве плаши. Здравје, љубов, радост и смеа, среќни мигови да имате во неа“. Со љубов од Битола.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.