ММС

Објавено на: 12/31/20 4:53 PM

Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Фиџи се првите земји кои влегоа во Новата 2021 година

Самоа, Кирибати, Нов Зеланд и Фиџи, островски земји на Тихиот Океан, се првите земји кои влегоа во Новата 2021 година, јавува aгенцијаta Анадолија (АА).

Новата година први ја одбележаа Самоа и островот Киритимати (Божиkен Остров), кој припаѓа на Кирибати.

По Кирибати и Самоа, во Новата 2021 година влегоа Нов Зеланд и Фиџи.

Новата 2021 година во градовите Оукленд и Велингтон во Нов Зеланд беше пречекана со извонредно шоу од огномети.

По овие земји, во Новата 2021 година влегува Австралија.

Од друга страна, Американска Самоа последна ќе влезе во 2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.