ММС

Објавено на: 12/31/20 3:35 PM

ТППЕ-Тетово доби возила за интервенција во случај на земјотреси

Територијалната противпожарна единица од Тетово доби возила за интервенција. Се работи за возила, односно машини кои можат да подигаат возила, автобуси, габаритен градежен материјал и слично. Овие направи се повеќе од потребни, ако се земе предвид фактот на се’ почестите земјотреси на балканските простори.

Машините беа донирани од Дирекцијата за заштита и спасување.

ТППЕ-Тетово, иако мора освен градот да ги опслужува и  руралните општини во Тетовско, долг период се соочува со недостаток на возила и други средства за работа. Тоа што го поседуваат е старо и претежно донирано.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.