ММС

Објавено на: 12/31/20 12:02 PM

(ВИДЕО) Балотели веднаш се запиша во листата на стрелците во дебито за Монца

Нескротливиот дух на еден од најталентираните италијански фудбалери во последните две децении, минатиот месец барем накратко беше скротен кај новајлијата во Сериа Б, екипата на Монца.

Марио Балотели како слободен играч пристигна во тимот каде што поранешната „алфа и омега“ на Милан, Адриано Галијани, го има главниот збор и има задача да го промовира малиот клуб во најдобрата италијанска лига. За таа цел Галијани првенствено го ангажираше исто така некогашниот фудбалер на Милан, Кевин Принс Боатенг.

Италијанскиот напаѓач на дебито во 16-тото коло во Сериа Б против Салернитана, уште со првиот допир на топката во четвртата минута ја затресе мрежата на противничкиот голман. Монца успеа да го порази до вчера првопласираниот тим на табелата и да се зацементира на третата позиција со освоени 29 бода, само два помалку од втората Салернитана, односно првиот Емполи.

 

 

 

Фото:

forzaitalianfootball.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.