ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/31/20 8:46 AM

Аргентина го легализира абортусот, и покрај протестите

Аргентинскиот Сенат го легализира абортусот до 14-тата недела од бременоста, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пратениците со 38 гласа „за“, 29 „против“ и еден воздржан го прифатија законот по маратонската расправа која траеше 12 часа.

Одлуката ја поздравија активисти кои го поддржуваат абортусот, но против беа верските групи во претежно католичката земја.

Во текот на гласањето околу зградата на Сенатот се наоѓаа бројни противници, но и приврзаници на абортусот, кои скандираа слогани.

Аргентискиот претседател Алберто Фернандез претходно вети дека ќе го потпише овој закон.

„Сигурен, легален и бесплатен абортус е одобрен со закон. Ветив дека ќе го направам тоа во деновите на предизборната кампања. Денес сме подобро општество кое ги проширува правата на жените и гарантира јавно здравје!“, рече Фернандез на социјалната мрежа Твитер по гласањето.

Сепак, илјадници граѓани, кои имаат и поддршка од верските организации, од ноември одржуваат демонстрации против донесување на законот со кој на крајот е легализиран абортусот.

Во почетокот на декември, Пратеничкиот дом со 131 глас „за“, 117 „против“ и 6 воздржани го одобри Законот за абортус.

Аргентина стана прва голема држава во Латинска Америка која го легализира абортусот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1