ММС

Објавено на: 12/30/20 11:39 PM

Живе Мешуревски: Мислам дека добро ќе ми „легне“ еден дует со Стојне Николова!

Живе Мешуревски е релативно ново име на македонската фолк-сцена. По неколкуте песни, тој пред само неколку дена ја промовираше најновата „Да си моја“, која авторски ја потпишува познатиот тандем Борче Нечовски и Деан Момироски.

Од македонската естрада, вокал број еден за мене е Наум Петрески. Моја желба е еден ден да снимам дует со него. Исто така би сакал дует и со Анета Мицевска, а добро би „легнал“ и еден дует со мојата драга колешка Стојне Николова – вели Мешуревски, кој смета дека годината што изминува била тешка за сите па и за музичарите.

Во јануари месец имав едно гостување во Данска каде што многу убаво поминав со нашите исселеници. Но како што започна Корона кризата, се’ што следуваше се откажа. За време на летото со мојата група Кода, срaботивме еден проект, преснимивме десет македонски песни,а еве сега излезе и мојата нова песна за која е направен видео запис – додава овој пејач.

Тој веќе има планови за годината што претстои и доколку тие се реализираат, очекува да го издаде и својот прв албум.

Најголема желба во 2021 година ми е,да ја снема коронава, да бидеме сите здрави и живи, значи здравје пред се’, а се друго што посакуваме само ке си дојде – додава Живе.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.