ММС

Објавено на: 12/30/20 9:58 PM

Владата го одобри текстот на финансиската гаранција за набавка на вакцини преку КОВАКС

На денешната седница Владата го усвои текстот на гаранцијата усогласен помеѓу Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE) како корисник на гаранцијата и Комерцијална банка за финансиската гаранција на износ од 7.457.140 американски долари за набавка на вакцини преку КОВАКС системот. Од денес министерот за здравство, Венко Филипче е овластен во име на Владата да го потпише текстот на гаранцијата.

Освен тоа,  на денешната седница Владата го разгледа и го прифати текстот на Договорот за издавање на девизна платива гаранција со својство на извршна исправа што треба да биде склучен помеѓу Владата и Комерцијална банка заради обезбедување на финансиската гаранција и го овласти министерот Филипче да го потпише овој Договор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.