ММС

Објавено на: 12/30/20 9:45 PM

Се покаја: На Теодора Џехверовиќ и’ е жал што имала настапи во екот на пандемијата

Пејачката, Теодора Џехверовиќ се кае што во август годинава настапувала по клуби. Таа тогаш беше мета на осуда на српски епидемиолог, поради организираните настапи во екот на пандемијата. Иако пејачката првично изјави дека „не се почувствувала повикана“ сега изјави дека и’ е жал.

„Криво ми е бидејќи не сум единствената која го заслужи тоа. Но што да права, мораше некој да биде на мета во тој момент“, додаде пејачката.

За потсетување, по критиките на дел од јавноста пред неколку месеци таа реагираше истакнувајќи:

„Јас не сум организатор на забавите ниту пак некој кој одлучува колку луѓе смеат да бидат заедно во одреден простор.Како што сите луѓе едвај чекаат да одат на работа, така и јас едвај дочекав. И ние пејачите сме од крв и месо и јас од ова живеам и му помагам на своето семејство. Надлежните органи се тие кои контролираат и не обвинувајте ме мене што си ја работам својата работа“.

 

Извор:     svet-scandal.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.