ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/30/20 8:25 PM

Свлечиште во Норвешка „проголта“ десетина згради, 21 исчезнат, десетина повредени

Најмалку десет десет се повредени, од кои неколку се во критична состојба, а 21 лице се водат како исчезнато, откако рано утрово свлечиште во јужниот дел на Норвешка затрупа десетина згради во гратчето Гјердурум, на триесетина километри северно од Осло.

Земјата проголтала дел од гратчето, свлечиштето погодило станбен кварт. Хеликоптери денес го надлетувале местото, повремено спуштајќи припадници на надлежните служби во урнатините, јавуваат агенциите.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1