ММС

Објавено на: 12/30/20 7:34 PM

Северина за земјотресот: Ужас, а потоа и страв за најблиските

Не стивнуваат реакциите во однос на земјотресот што ја погоди Хрватска. Во меѓувреме, на својот профил на Инстаграм се огласи и пејачката Северина.

„Навикнавме на стравот. Ужас, а потоа и страв за блиските. Потоа следеше тага за изгубени животи, но и гордост за цела Хрватска, а потоа и за регионот … Емоција е се’ она што го доживеавме дента”, напиша пејачката под видеото на кое се снимени кадри од Петриња и други места погодени од земјотресот.

Сверина исто така сподели информации за начините на кои може да се помогне.

Нејзиниот сопруг Игор Којиќ неколку часа порано на Инстаграм порача дека им дава поддршка на луѓето во Хрватска.

На сите пријатели и целиот народ во Хрватска сакам да им посакам што поскоро да го надминат овој тежок ден и никогаш веќе да не се повтори овој ужас кој ги снајде со земјотресот – порача Којиќ.

 

Извор:  b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.