ММС

Објавено на: 12/30/20 7:04 PM

Видео: Ентони Хопкинс слави 45 години откако е трезен

Оскаровецот, Ентони Хопкинс објави на Твитер видео со кое слави четириесет и пет години успешна борба против алкохолизмот. Осумдесет и двегодишниот, Хопкинс во видеото бара од своите обожаватели да и’ се радуваат на 2021. година по тешката година почна со тага за многу луѓе.

„Пред 45 години доживеав итен повик. Одев кон катастрофа, се опијанив до смрт”, изјави британскиот актер.

„Не проповедам, но добив порака – малa мисла која ми рече: сакаш да живееш или да умреш? Тогаш си реков себеси дека сакам да живеам и одеднаш доживеав олеснување. Мојот живот од тогаш стана неверојатен“, изјави Хопкинс, пренесува СиЕнЕн.

Тој призна дека имал моменти на слабост и им порача на сите гледачи на неговото видео да не се откажуваат во борбата против зависноста.

„Се’ на се’, велам, останете решени. Денес е времето кога толку многу се грижевте за вчера. Млади, не се откажувајте. Само продолжете понатаму. Продолжете да се борите. Бидете храбри. Моќните сили ќе ви помогнат. Тоа ме задржа низ животот “, рече актерот.

 

Извор:    b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.