ММС

Објавено на: 12/30/20 6:37 PM

Русија овозможи законска блокада на „Фејсбук“, „Твитер“ и на „Јутјуб“

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, денеска го ратификуваше законот со кој се одобруваат рестриктивни мерки против интернет-платформите што цензурираат поединци и медиуми во Русија, јавува Анадолија (AA).

Законот ги овластува руските регулатори да ги блокираат или казнуваат социјалните мрежи и интернет-платформите кои го ограничуваат пристапот на поединци или блокираат руски медиуми поради расна, национална или политичка конотација.

Овие мерки може да имаат најголемо влијание врз американските мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Јутјуб“.

Американските интернет-платформи во последните месеци блокираа десетици руски веб-страници и профили, обвинувајќи ги за ширење дезинформации.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека американските социјални мрежи еднострано и произволно спроведуваат политичка цензура врз руските медиуми.

Таа ја обвини компанијата „Гугл“ дека сака да ја задржи доминацијата на западните медиуми.

Претходно, Захарова го осуди потегот на „Твитер“, кој означи дека одредени профили се поврзани со руската Влада, и додаде дека ниту еден западен медиум не е означен дека е поврзан со Владата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.