Во февруари Македонија ги добива првите дози на Фајзер вакцината – објави попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.
Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели – појаснува Филипче. Според него, следните дози од вакцината ќе пристигнат во март и април.
Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата – информира ресорниот министер.