ММС

Објавено на: 12/30/20 6:13 PM

На Наташа Беквалац и’ се оствари сонот од детството

Пејачката, Наташа Беквалац многумина ја нарекуваат новосадска барбика, а таа овојпат тоа и го докажа. Имено, Наташа на својот профил на Инстаграм сподели видео на кое е облечена во розова гардероба, исто како барбика. Во описот на видеото таа наведува дека тоа и’ било сон токму од детството.

„Мојата омилена кукла, Барби. Со неа си играв како мала. Сакав да го живеам тој сон, совршен розов живот. Потоа пораснав и сфатив дека не е се толку розово, но дека и покрај тоа, животот може да биде среќен. Впрочем, кога Барби се грижела за тоа што мислат соседите за нејзиниот живот…Разбуди го детето во себе и живеј во животот кој Ти сакаш. Барбие“, напиша пејачката.

„Ти си жива барбика; Ти и си барбика, убава, харизматична, совршена; Воодушевена сум“, гласат само некои од комплиментите „нанижани“ во коментарите под објавата.

 

Фото:   bekvalceva

Извор:     kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.