ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/30/20 5:42 PM

Филипче: Нема судир на интереси во случајот на директорката на Клиниката за гастро и прв човек на Лекарска комора

Нема судир на интереси во случајот со Калина Гривчева Старделова, која е директорка на Клиниката гастроентерохепатологија, но и прв човек на Лекарската комора. Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на прашањето на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која го праша кога ќе ја смени Гривчева Старделова од директорското место, бидејќи како што рече, Антикорупциска комисија во нејзиниот случај утврдила дека постои судир на интереси.

Според Филипче, во случајот со Гривчева Старделова нема конфликт на интереси, бидејќи едната работа, директорската, е менаџерска, а во Лекарската комора претседател мора да е лекар, човек од фелата.

– Дозволете уште еднаш да се консултирам со Државната комисија за спречување на корупција и да ве известам во врска со тоа – рече Филипче.

Тој посочи дека пред еден месец Лекарската комора била примена во Европската организација на лекарски комори, а следната година нашата држава ќе биде домаќин на еден од европските состаноци.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1