ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/18 3:08 PM

Тетово ќе добие пазар на големо

Пазарот на големо ќе биде лоциран наспроти Автобуската станица во Тетоово, веднаш до Скејт паркот чија изградба е во завршна фаза. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи рече дека наскоро ќе биде пуштен во употреба пазарот на големо каде своите производи ќе ги продаваат локалните земјоделци. Со работењето на пазарот ќе се ослободат сите узурпирани јавни површини, каде трговците сега ги продаваат своите производи.

Таа информацијата за отворањето на пазарот ја даде на местото каде за неколку дена треба да биде пуште во употреба Скејт паркот, кој го градеа невладините органзиација, а Општина Тетово ќе го доуредува.

Општина Тетово минатата година вети дека локацијата каде сега се гради Скејт паркот ќе биде наменета за пазар на големо. Откако оваа површина се искористи за спорт и рекреација, сега градоначалничката вели дека пазарот ќе биде на околу 100 метри подолу.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1