ММС

Објавено на: 12/30/20 4:27 PM

(Видео) Драгана се породи додека тлото се тресеше- Семејството Довраниќ доби принова среде разорниот земјотрес во Хрватска

Семејство Довраниќ од Босански Бреги среде вчерашниот разорен потрес во Сисак, Петриње и околината, го доби најубавиот подарок, им се роди син. Додека разорниот потрес траел Драгана го раѓала Доријан, нејзиното четврто дете. Екипа на 24 сата го посети нивниот дом, каде после се низ што поминама Деан и Драгана се пресреќни што семејството им е живо и здраво.
-Во болница заминав на редовна контрола, дојдов да направам ЦТГ и ме оставија во болница. Почнав да се породувам и потресот почна. Се преплашив. Сакав да побегнам. Сестрата ме собра почнавме да бегаме по скалите. Потоа бевме некое време во контејнер, потоа дојде лекарка и ме породи. Се роди Доријан, тежок е 3.800 килограми а долг 52 сантиметри. Требаше да се породам на први јануар, тогаш беше терминот. Бебето е здраво, се е во ред, рече Драгана, на која ова и е четврто дете.
Погледнете го видеото на Фејсбук страната на 24sata.

Dok je potres razarao Petrinju, Glinu i okolicu, Dragana Dovranić rađala je sina
Reporterka: Romana Bilešić

Više na https://bit.ly/2WVxR11

Posted by 24sata on Wednesday, December 30, 2020


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.