ММС

Објавено на: 12/31/20 8:24 PM

Зошто новогодишните сијалички не прават посреќни?

Славењето на Нова година започнува тогаш кога ќе заблескаат новогодишните сијалички по улиците и во домовите. Красењето со сијалички е нешто што без размислување го правиме секоја година пред празниците. Но освен естетската убавина и задоволство што го пружат, сепак нивното значење за нас е поголемо од тоа.

Според психолозите, новогодишните сијалички ја имаат моќта да не направат посреќни. Секогаш кога ќе здогледаме новогодишни сијалички, кај нас настанува невролошка промена која предизвикува зголемено лачење на хормонот на среќата – допамин.

За новогодишните сијалички уште се смета и дека се еден вид на хромотерапија (терапија со бои), која ни ја зголемува енергијата и прави да се чувствуваме посреќни.

Во никој случај не се треба да се заборави и на факторот на носталгија, Според психолозите, доколку сте имале многу убави спомени од детството поврзани со Нова година и новогодишни сијалички, тогаш секогаш кога ќе се најдете во новогодишна атмосфера, несвесно ќе Ви се рекреираат моментите од минатото.

Ете кога сега веќе е јасно каква магична моќ имаат новогодишните сијалички, останува само да одвоиме време за убави спокојни мигови во Новата година, секако со вклучени сијалички, под топло ќебе со чај и убави мисли за убави нови почетоци.

Фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.