ММС

Објавено на: 12/30/20 4:01 PM

Мојата фамилија не е убиена со пенкало, вели Мизрахи, премиерот и одговори: Никогаш не сум рекол дека Бугарија била администратор во Македонија

Дали се уште стоите на ставот дека Бугарија за време на Втората светска војна била администратор на Македонија, а не фашистички окупатор, го запраша Рашела Мизрахи денеска премиерот Заев од собраниската говорница, покажувајќи слики од нејзиното семејство кое како што рече, било товарено во воз од бугарскиот фашистички окупатор и однесено во логор. Фамилијата вели Мизрахи не и била убиена од пенкало.

Освен од семејството покажа слики и од Страшо Пинџур, Мирче Ацев и Благој Јанков – Мучето, кои биле стелани од бугарската полиција за време на Втората светска војна.

Премиерот Заев пак и рече дека со таквите фотографии и начинот на кој зборува, веројатно се труди да го повреди. Дали се зборува со наратив кој што повредува или не, според него е опциона перспектива. На Мизрахи и порача дека може да биде десет пати поголем квази патриот од неа и да се чука во градите со однапред подготвени дискусии, но народот ќе остане во балканското сивило додека сите одат напред. Затоа вели тој, зборува пријателски, а не со зборови кои што предизвикуваат провокации.

– Вие немате злоба затоа што сте семејство што патело за време на фашизмот, како што пателе многу други македонски семејства вклучително и моето. Никогаш ама баш никогаш не сум кажал дека Бугарија била администратор во Македонија. Администрацијата или тогашната власт, се приклучила на Третиот рајх. При тоа не можете целата Бугарија да ја правите фашистичка ниту пак нејзините поколенија, рече Заев, потенцирајки дека минатото нема да се заборави, но ќе се посветиме на иднината.

По ваквиот одговор Мизрахи му порача дека додека неговите теории се менуваат од ден на ден, за среќа информациите од БГНЕС остануваат, но сепак и е драго што сега кажал дека Бугарите не биле администрација туку окупатор.

– Не ги навредуваме денешна Бугарија и бугарскиот народ, но нема да дозволиме ретуширање на историските факти со кои што се брише се, рече Мизрахи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.