ММС

Објавено на: 12/30/20 3:54 PM

(видео) Новинарите на РТЛ за драматичните моменти: Инстиктивно снимавме кога здрма па тргнавме да помогнеме

Моментот кога силен земјотрес повторно ја погоди Хрватска на 29 декември, околу 12:20 часот го забележаа скоро сите медиумски куќи, бидејќи токму во тој момент градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ даваше изјава за штетата предизвикана од земјотресот што го погоди овој простор претходниот ден.

Тимот на РТЛ, репортерот Илија Радиќ и снимателот Синиша Пачиќ, заедно со другите колеги, снимаа изјава, кога земјата повторно почна да се тресе, додека околу нив се формираше облак од чад и прашина.

-Опремата падна на земја. Почна да нè тресе и нас и колегите и беше невозможно да се одржи рамнотежа. Очите не’ заболеа од чадот и прашината што се креваа околу зградите оштетени во земјотресот. Рефлексно влегов во таа прашина да прашам дали на некој му е потребна помош и на прозорецот од една од зградите видовме жена како моли да и се помогн, исплашена, додека сè паѓаше врз неа. Ја прашавме дали скалите во зградата се зачувани, а луѓето ја убедуваа да излезе надвор “, изјави репортерот на РТЛ за Вечерњи лист.

Во тој момент здогледале страшна глетка.

-На неколку метри луѓето свикаа дека има затрупан човек во автомобил. Со него имаше момче, кое успеале да го извлечат од искршениот прозорец. Човек на возачкото место и извикуваше “„Каде е мојот син“? Кога му рековме дека детето е добро, тој се смири и се обидовме со раце да го извадиме лимот од вратата и да го скршиме со рацете … Го прашав дали може да ги помрдне нозете, тој рече само дека му го болат белите дробови, додека ние се обидувавме да ги извадиме тулите од автомобилот, со цел да го извлечеме. Но, не можевме, додека не дојдоа пожарникарите кои веднаш почнаа со спасување на човекот со хидраулична опрема. Кога дојдоа професионалците, ние останатите се повлековме и им дадовме место да си ја завршат својата работа.  Мојот снимател преку улицата виде искршен автомобил со жена во него. Тој ја остави камерата и отиде кај автомобилот, обидувајќи се да го истрга лимот за да ја извади жената“, раскажува репортерот на РТЛ.

Моментот на снимањето на изјавата додека почнува да се тресе земјата како видео сегмент го обиколи светот, како и вестите за разорниот земјотрес во Хрватска.

 

 

Извор:Вечерњи лист


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.