ММС

Објавено на: 12/31/20 9:10 PM

Добредојде 2021 во пижами !!!

Ако и Вие, како и повеќето луѓе ширум светот, планирате новата година да ја дочекате во удобноста на Вашиот дом, тогаш нема посовршена идеја од тоа да приредите пижама забава за Вас и Вашите најблиски.

Ако токму Вие сте организаторот, тогаш мора да следите неколку златни правила за успешна пижама забава.

Клучот е во едноставноста

Кога веќе поминавме низ исклучително тешка година, тогаш едниствено што ни треба за крај на истата е барем една ноќ без стрес. Токму поради ова, клучот е да организирате комфортна забава без никакви формалности.

Нека Ви биде удобно

На подот од дневната соба нафрлете ќебиња, перници, а распоредете ги на тој начин што ќе бидат сосема доволно за да им биде удобно на сите присутни во собата. Со перници никогаш не можете да претерате, колку повеќе – толку подобро.

Креирајте убав амбиент

Ако Ви е досадено од сивилото надвор, тогаш направете совршена атмосфера внатре. Наредете ја дневната соба со многу новогодишни сијалички и уживајте во терапијата од бои.

Набавете друштвени игри

Дочекот на Новата година не мора воопшто да наликува на било кој друг празник, затоа набавете неколку друштвени игри, како добро познатата „Не лути се човече“ или “Монопол“ и предизвикајте ги најблиските. Ве очекуваат многу насмевки, гарантирано.

Одберете забавни филмови со зимска тематика

Хрониките на Нарнија, Божиќна санка, Елф, Чудото на 34та улица, се само дел од филмовите кои совршено ќе се вклопат во Вашата пижама забава.

Не заборавајте на топли напитоци

Топлите напитоци се задолжителни за во зима, а да не ни зборуваме за вашата пижама забава. Подгответе вкусна топла чоколада за Вашите најблиски и збогатете ги со маршмелоу или шлаг.

Понудете полесни грисини

Спремете пуканки за најблиските, но понудете поздрави опции како кандирано овошје, тортиља чипс, интегрални плочки или било што друго здраво што преферираат Вашите блиски.

Плиш, плиш, плиш!

Удобноста е очигледно главниот елемент на Вашата пижама забава. Предложете им на најблиските да ги облечат омилените плишени или фротирани пижами и уживајте додека седите на плишените зимски ќебиња.

Продолжете ја празничната магија наутро

Празничната магија не завршува во точно 00:00, напротив, тогаш започнува, а Вие можете да ја продолжите таа магија и утрото со преубав новогодишен појадок.

Фото: zadovoljna.dnevnik.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.