ММС

Објавено на: 12/31/20 9:27 PM

Не влегувајте во долгови за Нова Година, цела ќе ви биде таква

Се што посакуваме за Нова година е година многу подобра од претходната, а и секако остварување на сите желби кои не сме успеале да ги оствариме во претходната година.

Кога некој ќе Ви каже дека има начин како да влијаете на остварување на своите најголеми желби, тогаш без сомнение би ги следеле сугестиите кои потенцијално ќе ви помогнат.

Постојат многу суеверија кои се следат во предновогодишниот период, со надеж дека барем некое од нив ќе „запали“ и ќе Ви помогне да имате повеќе пари, љубов, или повеќе од било што и да посакувате.

Ако се грижите за финансиите, еве што би ви рекле суеверијата за вашиот проблем:

-Во Новата година не треба да влегувате со долгови, затоа што долгови ќе Ве следат во текот на целата наредна година;

-Ако сакате да Ви се множат парите, носете ги во црвен новчаник, а долната облека нека Ви биде жолта;

– Во предновогодишниот период немојте ништо да отстранувате од Вашиот дом, зашто во спротивно следи година без пари;

Ако едноставно сакате да Ви посреќи годината што доаѓа, еве што треба да правите:

-Новата година задолжително дочекајте ја со гласна музика, зашто бучавата ги брка злите сили од вашиот дом;

-Ако на прославата отварате шампањско, отворете го на начин што плутената тапа ќе удри во Вас, можеби ќе имате скршен нос, ама затоа пак Ве очекува прекрасна нова година. Ако пак тапата не Ве погодила, тогаш осигурајте се дека Вие ќе ја испиете последната голтка од шишето.

Ако љубовта и страста Ви се приоритет, тогаш веднаш во продавница и купете си нов пар црвена долна облека, а кога часовникот ќе покаже точно 12, тогаш заборавете на најдобриот другар/другарка, најдобро нека Ви честита прво личност од спротивниот пол за повеќе среќа во љубовта во 2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.