ММС

Објавено на: 12/30/20 3:15 PM

Јавните многу малку, а приватните фирми речиси и да немаат колективни договори

На ниво на Македонија само дваесет проценти од приватните и јавните претпријатија имаат потпишано колективни договои истакна првиот човек на независниот синдикат на админиастрацијата Горан Ристевски. Денеска овој синдикат потпиша колективен договор со Јавното претпријатие Градски Паркинг Тетово.

Бројката од 20 проценти е многу мала или во превод само дел од јавните претпријатија  и приватните фирми кои можат да се избројат на прсти имаат колективен договор, останатите не можат да ги остварат своите права кои законски има следуваат.

Со потпишувањето на колективниот договор со ЈП градски паркинг Тетово, вработените во иднина ќе можат да ги остварат своите права кои законски има следуваат.

За да го потпишат овој колективен договор со Јавното претпријатие градски паркинг претходеше 10 месечни преговори.

 

Зоран Димовски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.