ММС

Објавено на: 12/30/20 2:27 PM

Болничар позитивен на ковид една недела по вакцинирањето

45-годишен болничар од Калифорнија,САД, добил позитивен тест за ковид-19 една недела откако прими вакцина против коронавирус на Pfizer, објави ABC News.

Метју В. , болничар во две различни локални болници, објави на Фејсбук дека ја примил вакцината Pfizer на 18 декември. Во изјавата за ABC News  сведочи дека ден по примањето на вакцината почувстувал болка во раката, но дека нема никакви несакани ефекти.

Меѓутоа, шест дена подоцна, на Божиќ, додека работел во ковид одделот добил треска, потоа започнал да чувствува мускулни болки и замор.

Се тестирал, по што добил позитивен тест на ковид-19 следниот ден по Божиќ, стои во медискиот извештај.

Кристијан Рамерс, специјалист за инфективни болести во Семејниот здравствен центар во Сан Диего, за ABC News изјави дека ова сценарио не е неочекувано.

„Од клиничките испитувања на вакцината знаеме дека ќе бидат потребни околу 10 до 14 дена за да се зголеми имунитетот од вакцината. Таа прва доза ви дава околу 50 проценти и ви треба втора доза за да достигнете 95 проценти заштита“, додаде Рамерс.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.