ММС

Објавено на: 12/30/20 12:30 PM

(видео) Коментаторот Тони Стојановски пречекан со изненадување од ФФМ

„Победа за радост на душата! Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште!” Останаа запаметени овие зборови на спортскиот новинар Тони Стојановски, кој го коментираше натпреварот меѓу македонската репрезентација и репрезентацијата на Грузија, која ја однесе нашата препрезентација на Европското првенство.

Од денеска, зборовите на коментаторот од фудбалската еуфорија, добија и друг облик. Тони Стојановски денеска беше поканет во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), каде му беше приредено пријатно изненадување. Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини го пречека новинарот  и му ја покажа плакетата со неговите зборови која ќе ги краси ѕидовите на федерацијата.

Погледнете во видеото од линкот:

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.