ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/18 2:23 PM

Стојанче Ангелов – национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители

 

Стојанче Ангелов е назначен за национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители – одлучи Владата на денешната редовна седница. Ангелов е поранешен полициски генерал и претседател на партијата Достоинство, неодамна го напушти МВР поради политички ангажман во иднина.

Тој преку статус објавен на социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна му се заблагодари на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата година.

На почетокот на месецов, Ангелов беше ангажиран како советник за безбедносни прашања во Македонска навигација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1