ММС

Објавено на: 12/30/20 11:50 AM

Пролетно време за новогодишната ноќ

Според УХМР, утре ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои на места, особено во источните делови повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На планините во западните делови врнежите ќе бидат од снег.

До вечерните часови врнежите речиси на секаде ќе престанат, така што за време на Новогодишната ноќ во најголем дел од земјава ќе биде суво, освен во крајните западни подрачја каде се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините слаб снег.

Во првите два дена од новата година времето ќе биде стабилно, а нови пообилни врнежи ќе има од недела.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.