ММС

Објавено на: 12/30/20 11:00 AM

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Нова Година, Бадник и Божик а пајакот ќе собира 24/7

По повод претстојните новогодишни празници на 31.12.2020 година (четврток) отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15.

На 01.01.2021 година (петок) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2021 година (сабота) со вообичаено работно време.

За време на Божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01.2021 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01.2021 година (петок) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.