Во петок (1.01.2021), возилата од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.
Во сабота на втори и недела на трети ќе се вози по неделен возен ред, со вообичаените термини на првите вклучувања на сите линии.
Утре, четврток (31.12.2020), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот. Во петок (1.01.2021 год), билетарниците нема да работат, а во сабота (2.01.2021 год) ќе работат вообичаено. Во недела (3.01.2021 год) дежурни од 7 до 19.30 часот ќе бидат билетарниците на Зелено пазарче и Транспортен центар, а од 7 до 13.30 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.