ММС

Објавено на: 12/30/20 10:29 AM

Филипче не потврдува дека во март ќе стигнат вакцините, но уверува дека нема цена што владата нема да ја плати

Постои ли план Б? Како Македонија ќе добие 833.000 вакцини во март, кога европските земји добија многу помалку дози од очекуваните? И како европските земји ќе споделуваат вакцини со нас, кога и за нив немаат доволно? Ова беа прашањата што новинарите му ги упатија претпладнето на министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот се сложи дека европските земји добија помалку од тоа што очекуваа. Вчера одржал средба со  австрискиот амбасадор и претставници на австриското министерство за здравство , кои соопштиле дека и Австрија се соочува со истиот проблем.

-Ковакс механизмот затоа е развиен за сите во исто време да добијат вакцини .Се понудија и еврооските земји, кои кога правеа порачки,  земаа во предвид дека треба да споделат и со други земји. Веќе имаме потврда од Полска Грција, Бугарија, а сега и на Австрија. Имаме и трет механизам, а тоа се директни разговори со компаиите,одговори Филипче.

Во разговорите со компаниите кои произведуваат е јасно дека се соочуваат со притисок, бидејќи како што рече министерот, не е лесно да се произведе вакцина, што е долготраен процес. По овие вести, останува прашањето дали, како и кога ќе стигнат вакцините.

-Нема цена што владата не може да ја плати за вакцините. Тоа е пораката што сакам да ја упатам до граѓаните. Сите производители со кои разговараме се со тие кои почнале постапка за дозвола, што значи развиени на безбедна платформа. Европските земји обезбедија осум милиони евра, за да можат да се препродадат тие вакцини. Значи, не е само ковакс механизамот, има оптимазам и дека пред коваксот може да започне вакцинацијата преку препородажба од европските земји, изјави Филипче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.