ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/30/20 9:34 AM

„Репортери без граници“: Во текот на годината убиени најмалку 50 новинари

Организацијата „Репортери без граници“ (RSF) објави дека оваа година се убиени најмалку 50 новинари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во годишниот извештај на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите забележано е дека голем број од овие новинари се намерно убиени поради истрагите за корупција, организираниот криминал, уништувањето на животната средина и природа.

Во извештајот во кој се наведува дека повеќето новинари се убиени додека известувале во текот на разни демонстрации, се истакнува дека оваа година за новинарите најопасни држави се Мексико, Ирак, Авганистан, Индија и Пакистан.

Покрај тоа, во извештајот се нагласува дека стотици новинари низ светот починале од последиците на заразувањето со Ковид-19, но не е утврдено колку од нив се заразени поради професионална работа.

Забележано е дека тројца новинари, кои се држени во затворите во Египет, Русија и Саудиска Арабија, го загубиле животот поради недостаток на медицинска нега како резултат на заразување со Ковид-19.

Иранските власти во текот на овој месец го погубија новинарот Рухулах Зем, кој беше уредник на опозициската интернет-страница „Amednews“. Наведено е и дека меѓу убиените претставници на медиумите се наоѓаат две жени.

Наведено е и дека најмалку 937 луѓе се убиени во последните 10 години поради новинарската работа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1