ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/30/20 8:44 AM

Во земјотресот во Хрватска загинаа седум лица

Билансот на смртно страданите лица во денешниот земјотрес во Хрватска е зголемен на седум, јавува Агенција Анадолија (АА).

Градоначалникот на општината Лекеник Ивица Петровиќ за хрватските медиуми потврди дека безживотното на машко лице е извлечено под урнатините на црквата Св. Никола и Вида во Жажина.

Телото е извлечено по шестчасовно пребарување и тоа е седмото лице кое во земјотресот во Хрватска го загуби животот.

Хрватските медиуми јавуваат дека во урнатините на црквата загинал органист кој во моментот на земјотресот се наоѓал во црква и ги чистел оргулите, кои биле погодени од земјотресот.

„Иако потрагата во урнатините и понатаму трае, со тага јавуваме информации за смртно страдани: девојче во Петриња и 5 машки лица во Мајски Полјани. Најмалку шестмина повредени и 20 полесно повредени”, соопшти претходно денеска хрватското МВР.

Во тек се акциите на пребарување и спасување од урнатините.

Земјотресот се почувствува и во БиХ, но и во другите соседни земји, дури и до Германија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1