ММС

Објавено на: 12/30/20 8:05 AM

Предлог-законот за попис на собраниската Комисија за европски прашања

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се рагледува Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македониа во 2021 година, по скратена постапка.

Оваа точка е на дневен ред и на седницата на собраниската Законодавно-правната комисија.

Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива/Алијанса за Албанците вчера соопштија дека доставиле четириесетина амадмани на Законот за попис.

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува законот да се најде пред пратениците на пленарна седница на 18 јануари.

Комисијата за европски прашања денска треба да расправа и за Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена процедура во второ читање; Предлог-законот за одлучување за изменување и дополнување за Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во второ читање; Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја во прво читање.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.