ММС

Објавено на: 12/29/20 11:00 PM

Ситни чоколадни колачи со ореви: Едноставен, а превкусен десерт!

Ореви и чоколадо го сочинуваат „срцето“ на рецептот кој ви го претставуваме денес. Станува збор за превкусни колачи, кои се приготвуваат многу едноставно, а состојките и начинот на подготовка ќе ги најдете во продолжение:

Состојки:

150 гр ореви

2 јајца

60 гр шеќер

ванилин шеќер

200 мл млеко

100 мл масло

270 гр брашно

прашок за пециво

10 лажици шеќер

За глазура:

6 лажици вода

150 гр чоколадо

10 лажици шеќер

6 лажици вода

50 гр мелени бисквити

Подготовка:

Добро изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги ванилиниот шеќер, млекото и маслото. Изматете, па додадете ги брашното и прашокот за пециво. Промешајте со рака и додадете ги мелените ореви.

Истурете ја смесата во тава која претходно сте ја подмачкале и во која сте наросиле брашно.  Печете на 180 ° C 35 минути.

За глазурата: Растопете го шеќерот со вода, а потоа тргнете го од оган. Додадете ги чоколадото, оревите и мелените бисквити. Промешајте. Со оваа глазура прелијте ја смесата со бисквитите, а потоа посипете со сецкани ореви и изладете.

 

Фото:  PrtSc /  IGY THE COOK

Извор:  informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.