ММС

Објавено на: 12/29/20 10:23 PM

Охајо: Избегнал смртна казна, починал од корона

Затвореник кој ја избегнал смртната казна во 2009-та година, починал најверојатно од компликации предизвикани од коронавирусот.  Се работи за шеесет и четиригодишниот, Ромел Брум, за кого имало сомнеж дека има ковид-19 и бил на затворската корона листа – соопшти портпаролката, Сара Френч, пренесува Гадријан.

Брум бил осуден на смрт поради тоа што ја силувал и убил четиринаесетгодишната, Трејн Мидлтон, додека се враќала дома од спортски настан.

Според властите во Охајо,  се претпоставува дека 124 затворени во државата починале од корона.

 

Извор:    b92.net

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.