ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/20 9:47 PM

Земјотресот во Хрватска оштети и православни храмови: Свештениците ги напуштаат домовите

Во земјотресот што ја погоди Хрватска денес попладне, српските православни цркви и парохиски домови во Петриња и Сисак претрпеа значителна штета – соопшти вечерва Српската православна црква.

„Штетите на црквата Света Петка и парохискиот дом во Сисак се такви што богослужбите и животот во нив се трајно оневозможени. Исто така, црквата Свети Спиридон, како и величествената зграда на парохискиот дом во Петриња, се толку оштетени што се надвор од функција “, изјави за информативната служба на СПЦ Веселин Ристиќ, свештеник од Сисак.

Според Ристиќ, свештениците од Сисак и Петриња и нивните семејства биле принудени да ги напуштат своите домови.

Фото:  FoNet/SPC

Извор:         rs-lat.sputniknews.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1