ММС

Објавено на: 12/29/20 8:20 PM

Хурем Султан влезе во последниот месец од бременоста: Обожавателите воодушевени од нејзиниот изглед

Актерката, Мерјем Узерли која се прослави играјќи ја султанката Хурем, е во блажена состојба и го очекува своето второ дете. Таа во текот на бременоста направи и едиторијал, каде позираше во црвен фустан, со кој дојде до израз нејзиниот стомак.

Обожавателите се воодушевија и напишаа дека Хурем изгледа прекрасно.

Мерјем Узерли веќе ја има ќеркичката Лара, а наскоро треба да се породи со второто дете.

-Ако се’ биде во ред, во јануари ќе родам девојче. Лара веќе долго сакаше братче или сестричка, пресреќна сум што таа желба наскоро ќе и’ се оствари. А  и јас сум среќна бидејќи основам сопствена фамилија – изјави Хурем во септември за турските медиуми. Сепак таа не сакаше да го открие името на својот партнер.

 

Извор:      telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.