ММС

Објавено на: 12/29/20 7:43 PM

Вчера останав без оџак, а денес без целата куќа, да спиев во неа ќе ме немаше: Сведоштво низ солзи на Анкица од Петриња

Седумдесет и тригодишната, Анкица Лончаревиќ од Петриња која само ден претходно се пожали на медиумите дека останала без оџак и дел од покривот по низата земјотреси, денес, како што расплакана открива, ја загубила целата своја куќа по разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени.

„Синоќа спакував торба и реков дека ќе ја подигнам утре, ја оставив на скалите. Сега останав без сè, не можам да дојдам ни до неа ни до ништо друго“, вели таа.

Во понеделникот вечерта, таа  отишла во куќата на нејзина пријателка за да ја помине ноќта таму.

„За среќа, минатата ноќ решив да ја поминам ноќта кај една пријателка. Да не бев таму мислам дека ќе умрев, куќата ја нема, речиси и да не постои”, вели низ солзи Анкица.

Денес таванот на куќата паднал додека таа била внатре.

„Двете бевме внатре и само почувствувавме силен звук на кршење. И тогаш одеднаш едноставно падна. Се довикувавме една со друга за да провериме дали сме живи. Среќа што не падна врз нас, нè спаси Бог “, вели таа.

Една од ќерките веднаш отишла да ја земе.

„Ќерка ми дојде па гледаме ако некако може да дојдеме до работите, иако се сомневам, никој не се осудува да влезе внатре. А потоа кај неа, се надевам дека ќе бидам безбедна. Иако не мислам дека воопшто ќе спијам”, заклучува Анкица, која за момент остана буквално без ништо.

 

Извор:        kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.