ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/20 7:31 PM

Сопругот на Даниела со нови детали: Мојата сопруга не го фрли нашето новороденче

Откако Даниела од Мокрин се породи во полски тоалет, каде наводно го оставила своето новороденче, својата верзија од приказната ја раскажа и нејзиниот сопруг, односно таткото на бебето. Според триесет и осумгодишниот, Ненад Бауков, неговата сопруга не ни знаела дека е бремена бидејќи е крупна жена, а бебето го „носела високо“.

Даниела не го фрли детето во полски тоалет. Таму се породи. Дојдов од трета смена, кога тештата ме разбуди. Даниела почна да вика „помогнете ми“. Папочната врвца сама пукна, како што детето падна, Даниела го повлече и ја скина врвцата – раскажа Ненад.

Се’ се случило вчера околу 9 часот претпладне. Инаку, парот има уште три деца од 7, 4 и 2 години. Новиот член на семејството ќе се вика Јован.

Според зборовите на таткото, бебето е добро и се наоѓа во Клиничкиот центар на Војводина, а и Даниела исто така е хоспитализирана.

 

Фото: M.O.

Извор:      alo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1