ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/20 7:30 PM

Обезбедена посебна сметка за граѓаните со низок доход кои не се најдоа на листата поради неажурирани податоци

Владата на денешната седница донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлогот на Закон за дополнување на Законот за јавните набавки со кој се предвидуваат решенија договорните органи да можат да исплатат и повисок износ од 20% и да немаат обврска да обезбедат банкарска гаранција за исплатениот аванс во постапките кои се директно поврзани со мерките за справување со пандемии или епидемии на заразни болести, во зависност од воспоставените пазарни односи од страна на производителите на потребните средства кои се предмет на набавка


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1