ММС

Објавено на: 12/29/20 6:31 PM

Психички се оштетив за цел живот – актерката Јелена Јованова за страшниот земјотрес во Хрватска

Живи и здрави сме! Психички се оштетив, ми се чини, за цел живот – објави попладнево актерката, Јелена Јованова.

Актерката која живее во Хрватска попладнево се огласи на социјалната мрежа фејсбук во врска со денешниот земјотрес, трет силен во државата оваа година.

Тресеше како да нема крај и како да ќе нема утре! Не можам на сите да пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа! Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров над глава – напиша Јованова.

Чувајте се! Верувам ќе помине и ова и ќе биде конечно добро – додава таа во објавата, под која има низа коментари за поддршка.

Земјотресот кој денеска ја погоди Хрватска е со јачина од 6,2 степени по рихтеровата скала.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.