ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/29/20 6:23 PM

Аргентина е првата латиноамериканска земја која со руската вакцина се бори против ковид-19

Во Аргентина денеска почна вакцинацијата против коронавирусот со руската вакцина Sputnik V. Со ова, Аргентина стана првата латиноамериканска земја која ја користи оваа вакцина.

Вакцинацијата почна симултано во цела Аргентина, а предност имаатздравствените работници. Министерството за здравство соопшти дека прво треба да се вакцинираат најагрозените групи. Аргентина е четврта земја од Јужна Америка која почна со вакцинација, по Мексико, Костарика и Чиле, каде се користи вакцината на Фајзер-Бионтек.

Првата пратка од триста илјади дози на руската вакцина, пристигна во Аргентина на 24. декември. Во рамките на договорот предвидена е и испорака на дополнителни 19,7 милиони дози во јануари и февруари.

Аргентина со 45 милиони жители регистрираше повеќе од милион ипол луѓе заразени со коронавирусот, а починаа над 42 илјади лица.

 

Извор: danas.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1