ММС

Објавено на: 12/29/20 6:03 PM

Наместо властите, инфраструктурните проблеми на Попова Шапка почнаа да ги решаваат граѓаните

Наместо општината, инфраструктурните проблеми во викенд населбата Попова Шапка почнаа да ги решаваат самите сопственици на викендички. Во меѓувреме додека центарот пропаѓа, од владата повторно со ветување дека центарот ќе прерасне во вистинска туристичка атракција, откако со него ќе управува приватен концесионер.

Сопственик на викендичка на Попова Шапка решил сам да инвестира во поправки и поставување на уличното осветлување. Се работи за инвестиција од над 5000 евра, пари кои досега требаше да ги обезбеди општината која зема проценти од сметките на граѓаните, средства со кои е должна да ја обезбеди оваа услуга.

Од Здружението на граѓани Попова Шапка велат дека сега за разлика од порано, сега е подобрена состојбата на центарот, но благодарение на граѓаните, а не на властите.

И додека центарот пропаѓа, од владата повторно со најави за негов развој. Лично премиерот, Зоран Заев вети јавно- приватно партнерство или приватно концесионирање како модел на управување со центарот

На центарот со години не е ништо инвестирано осен новиот шестосед, кој свечено беше пуштен во употреба пред 10 месеци, но сега кога е најпотребен за време на скијачката сезона не е во функција.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.